Градежни активности во населба Керамидна. Се бетонира крак на улицата „Наце Димов“ каде се врши ископ на земјена подлога, порамнување, валирање, тампонирање, армирање и бетонирање. Дополнително ќе се санира и дел од постоечкиот бетонски крак на истата улица кој е многу оштетен. Со овие градежни активности ќе се подобрат условите на жителите од овој дел на градот за пристап до домовите.





