Уште еден викенд исполнет со музика за сечиј вкус. Велешката чалгија го развесели едно од најстарите велешки маала. На плоштадот Којник, се собраа и стари и млади да уживаат во македонските песни и традиционалните инструменти на Велешката чалгија.
За љубителите на џез музиката пак, се погрижи Иван Иванов со својот квартет, кој одржа концерт на платото на Спомен костурницата.
Велешко лето 2025 продолжува во вторник со стенд ап настапот на пионерот во стенд ап комедијата Пеџа Бајовиќ. Неговиот „Најбољи сат и кусур“ започнува во 21:00 часот во Амфитеатарот во Младински парк.

















