Општина Велес постави видео надзор и на спортско-рекреативниот комплекс во населба Дворови. Терените ќе бидат под 24 часовен видео надзор кој има за цел да ја заштити урбаната опрема и спортските реквизити наменети за спорт и рекреација на сите граѓани.
Во изминатиот период видео надзор беше поставен и на спортско – рекреативниот центар на ООУ „Васил Главинов“ и на спортските терени кај „Гимназија Кочо Рацин“.





