Новото фудбалско игралиште на левата страна на градот, во близина на автобуската станица, вчера беше пуштено во употреба. Спортскиот терен го изгради општествено одговорната компанија Mozzart како дел од хуманитарната иницијатива насловена како „Фудбалот е повеќе од игра“. Игралиштето го носи името на велешкиот фудбалер Панче Ќумбев и е наменето за спорт и рекреација на младите во градот.
Општина Велес изразува огромна благодарност до компанијата која со оваа инвестиција укажува на потребата од развој и промоција на спортот а воедно и јакнење на локалната заедница.











