Според резултатите од последните Извештаи од извршените анализи за здравствена безбедност на водата за пиење од природните чешми и водовод, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес дава стручно мислење дека од испитаните примероци, водата од природните чешми во градот и населени места не соодветствува на прописите за бактериолошка анализа поради зголемен број на индикатори на фекално загадување и оваа вода не може да се користи како вода за пиење, додека пак водата од водоводот во Каласлари не одговара на законските прописи за безбедност заради отсуство на резидуален хлор и за таа цел ќе се изврши итна дезинфекција за да може да се користи како вода за пиење.


