Уште една забавна вечер помина во Амфитеатар во Младински парк од Велешко лето 2025. Велешани имаа можност од срце да се насмеат на досетките со хумористичен тон на стенд ап комичарот Бојан Велевски.
Велешко лето продолжува утревечер со поетско – музичкиот перформанс „Поезија за мојот град“ во Младински парк со почеток во 21:00 часот.






