Музичката рок група АРЕА со концерт во Велес. Велешани ќе имаат можност да уживаат во безвремените хитови на култната рок група во сабота, 9 август.  Настапот на АРЕА ќе биде на плочата позади ООУ „Блаже Конески“ со почеток во 21:00 часот.

Општина Велес ги поканува сите љубители на квалитетна рок музика да дојдат и да уживаат во настапот на АРЕА што е дел од програмата на „Велешко лето 2025“. За загревање ќе се погрижи DJ Zorbital.