Вчеравечер во спортскиот комплекс во населба Дворови  најмладите цртаа, боеја но и одговараа на прашања поврзани со книгите. Точниот одговор им донесе награди. Креативно едукативната рабоптилница беше во опрганизација на локалната библиотека „Гоце Делчев“ која имаше за цел да ги поттикне децата да читаат книги и во лето. Забавата беше комплетна со пристигнувањето на нивниот херој Sonic со  кого играа, спортуваа и се забавуваа.

„Велешко лето 2025“ продолжува вечерва со поетско музичка вечер „Поезија за мојот град“, во Младинским парк со почеток во 21:00 часот.