Со вечерна богослужа и богата програма Општина Велес го одбележа празникот на патронот и заштитникот на градот Свети Велокомаченик Пантелејмон. Пред присутните во дворот на соборниот храм што го носи неговото име, се обрати градоначалникот Марко Колев.
„Почитувани присутни дозволете ми на овој ден да ви посакам многу здравје, овој светец да ни го чува градот и граѓаните од зло. Секоја година испраќам по некоја порака за мир, спокој, соживот и разабирање затоа што само со добри мисли и пораки можеме да одиме напред, истакна Колев.
Во име на Митрополот Повардарски г. Агатангел се обрати Протоѓакон Влатко, секретар на Повардарска Епархија кој упати поздрави и честитки за празникот кон граѓаните и верниците.
Во културниот дел од програмата со колаж настапи „Валерија Шојлевска квартет“.
На денот на празникот 9 август, во соброниот храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“ Митрополитот Повардарски г. Агатангел со свештенството служеа Света празнична и Архиерејска литургија. Светецот за заштитник на град Велес беше прогласен во 2009 година.































