Љубителите на класичната музика вчеравечер во Ликовниот салон имаа можност да го слушнат моќниот, богат и емотивен глас на оперската пејачка Вероника Караколева која со својот извонреден избор на класична музика предизвика силни емотивни реакции кај публиката. Сопранот Вероника Караколева и пијанистката Фросина Џини изведоа арии од познати странски и домашни композитори.
Концертот на класична музика е дел од програмата на „Велешко лето 2025“. Во рамки на програмата денеска ќе се одржи поетска вечер во орагнизација на „Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Куќата на Касапови со почеток во 19:00 часот.








