Во периодот од 16 до 22 септември 2025 година, тим од Општина Велес и оваа година организира активности со кои ќе биде одбележана Европската недела на мобилност 2025 во тесна соработка со здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании.

Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа спортски реквизити наменети за општинските основни и средни училишта.

Партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2025 во Велес се „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, Министерство за животна средина и просторно планирање, ОЈУДГ „Димче Мирчев”, МВР-СВР Велес, Младински центар Велес и ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес.

Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на планираните активности во рамките на Европската недела на мобилност.

Другаруваме и спортуваме за здрави деца и здрава иднина!

Агенда