На 14 септември се навршуваат 83 години од масакрот на седумте припадници на Народното ослободително движење на Пуста Кула. Споменикот на кој се испишани имињата на жртвите на фашистичкиот окупатор е нем сведок за свирепото убиство на борците за слобода.
На овој датум во 1942 година, во близина на селото Рудник, кај месноста Пуста Кула, од страна на фашистичкиот окупатор, без пресуда, беа стрелани и масакрирани седум припадници на Народно ослободителното движење. Од слопскиот истражен затвор со камион биле донесени и убиени Панче Бурчевски, Перо Грковски, Андреја Басаровски, Атанас Димовски и Душан Димитриевски од село Рудник, Камка Тоцинова од Велес и Ахмед Лојков од село Иванковци.
Нека им е вечна слава!


