Голем број на идејни решенија за предизвици со кои се соочуваат општините можеа да се чујат на денешниот иновациски спринт Тech4Muni каде за прв пат 16 млади македонски компании имаа можност да ги претстават своите креативни идеи пред претставници на општините.
Настанот го отвори Горан Милевски, министер за локална самоуправа кој ја истакна важноста од соработката на локалните власти со компаниите.
„Развојните решенија бараат паметни решенија за паметни градови. Исклучително е важна соработката со бизнис секторот„, истакна Милевски во своето обраќање.
Тech4Muni MK е престижен иновациски спринт/маратон каде што талентирани македонски компании и претприемачи развиваат решенија за предизвиците со кои што се соочуваат општините како проблемот со кучињата скитници, грижата за стари лица, промоција на туризмот, подобрување на општинските услуги и сл.
Општина Велес е една од трите пилот општини кои беа избрани да учествуваат во овој проект кој е поддржан од канцеларијата на УНДП. Во следниот период најуспешните идеи ќе се реализираат во Велес, Струмица и Гостивар.