Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2025, денес во ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес се одржа едукативна работилница на тема „Чекориме безбедно и сигурно“ со цел запознавање на присутните ученици со правилата на однесувaње во сообраќајот. Предавачи на работилницата беа претставници од МВР-СВР Велес кои на интерактивен и неформален начин за темата разговараа со ученици. Учесниците разменија мислења и споделија лични искуства поврзани со темата, но и придонесоа со конструктивни идеи и коментари во врска со подобрувањето на сообраќајните решенија во градот и околината.

Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа спортски реквизити наменети за општинските основни и средни училишта.

Партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2025 во Велес се „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, Министерство за животна средина и просторно планирање, ОЈУДГ „Димче Мирчев”, МВР-СВР Велес, Младински центар Велес и ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес.

Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на овие активности.

Детални информации за секој настан можат да се најдат на официјалната веб страница на Општина Велес.