Со донации во спортски реквизити овозможени од општествено одговорни компании, денес завршија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2025.
Подигнувањето на свеста кај децата од најрана возраст за позитивното влијание на спортските активности на нивното здравје и на заштита на животната околина се мотив за реализација на Европската недела на мобилност.
Донациите, во рамки на активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2025 беа поделени во неколку општинските основни и средни училишта.
Партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2025 во Велес се „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, Министерство за животна средина и просторно планирање, ОЈУДГ „Димче Мирчев”, МВР-СВР Велес, Младински центар Велес и ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес.
Општина Велес изразува благодарност до сите помагатели и поддржувачи кои беа несебично вклучени во организирањето на активностите со кои беше одбележана овогодинешната Европска недела на мобилност.































