По завршувањето на подготвителните земјени зафати во тек се премина на градежни активности и во село Сливник. Се постави завршен бетонски слој на една улица. Дополнително се поставија и рабници на оваа патна делница.
Рамномерниот развој на руралните средини е важен за развојот на општината.





