Детски џагор и многу насмеани лица измамија маскотите Стела и Сани со својот настап пред најмладите. Посетителите уживаат и во рачните изработки изложени од ракотворците на есенскиот базар, на кој можат да се најдат уникатни изработки за сечиј вкус.

Втората вечер од овогодинешната Питијада – Фестивал на велешка пита и вино ќе остане запаметена. Штандовите и улиците беа претесни да ги собере сите кои дојдоа да пробаат велешка пита и македонско вино и да уживаат во блескавата атмосфера што ја направија Кате и Ѓоко, Пајак, Мики Секуловски и Северина.