Старите нефункционални семафори на раскрсницата кај ЕВН се заменети со нови. Со пренамена на средства во општинскиот буиџет се набавија новите семафори. Со оваа инвестиција се надминаа сите досегашни технички проблеми поради застареноста на технологијата. Со поставувањето на новите семафори се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.










