Заврши 22 издание на Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби. Во чест на овогодинешните лауреати на фестивалот, на сцената на велешки театар се одигра претставата „Лекција“ во изведба на штипскиот театар.
Фестивалот на античка драма ги прогласи своите победници во сите категории. Жири комисијата во состав: Јордан Витанов, Кристина Атанасова и Фаик Мефаиловски едногласно одлучи наградата за најдобра претстава да ја добие претставата „Ифигенија за ништо“ во изведба на Драмски театар Скопје. За најдобар режисер го прогласи Филип Петковски за претставата „Ифигенија за ништо“. Годинава наградата за најдобра женска улога ја доби актерката Јелена Жугиќ за улогата на Клитемнестра во претставата „Ифигенија за ништо“. Наградата за најдобра машка улога ја доби актерот Марко Трајковиќ за насловната улога во претставата „Калигула“ на кумановски театар.
Општина Велес упатува честитки до сите наградени и до организаторот на фестивалот, театарот „Ј.Х.К.Џинот“, за успешна реализација на фестивалот кој претставува мост меѓу античката и современата драма.













