Даниел Јаневски е старо новиот претседател на Советот на Општина Велес. Со поддршка од речиси сите советници Јаневски беше избран на втората седница на советот и тој ќе претседава со него во наредните четири години.

„Сакам да ви се заблагодарам за укажаната повторна доверба, за претседател на Советот на Општина Велес. Ова за мене не  е само чест туку и голема обврска, да продолжам со работа, која ќе биде во служба на граѓаните и во интерес на развојот на општината. Да донесеме одлуки кои се реални и корисни за Велес. Горд сум што претходниот Совет функциониреше во духот на демократскиот процес. Во новиот мандат да ја унапредиме соработка со граѓаните, месните заедници, институциите и да носиме одлуки кои ќе го унапредуваат животот во секој дел на општината. Да разговараме за проекти а најмалку за политика“ – порача Јаневски.

На денешната седница беа избрани и членовите на 11 комисии, тела на Советот на Општина Велес.

Со одлука на градоначалникот Марко Колев, за заменик градоначалник на Општина Велес е избрана Елизабета Митревска.