Спомен Костурницата светна во портокалова боја во знак на борбата против насилството врз жената. Деновиве додека трае кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, костурницата симболично ќе свети во портокалова боја за поддршка на секоја жена што трпи и што се бори против секаков вид на насилство. Насилството не е само приватен проблем, туку одговорност на секој чинител во општеството, да забележи, реагира и поддржи.

Портокаловата светлина нека биде симбол на солидарност, емпатија и поддршка за жртвите на семејно масилство.