Сојузот на спортови на Велес објавува конкурс за избор на најуспешни спортисти, тренери, спортски екипи, спортски работници, судии, манифестации и други спортски признанија на Општина Велес за 2025 година.

Наградите и признанијата се доделуваат за постигнати резултати во индивидуални и екипни спортови во тековната година.

Право на предлагање на кандидати имаат само спортските клубови и спортски здруженија чие седиште е во Општина Велес.

Предлозите треба да бидат во печатена форма со потпис и печат од одговорното лице на клубот односно спортското здружение.

Критериуми по кои ќе се избираат најуспешните се резултатите во олимписки и неолимписки спортови и дисциплини, во поединечни и екипни спортови, постигнати на олимписки, светски и европски првенства, меѓународни и домашни натпревари.

Предлозите треба да содржат категорија за која е предлогот, официјален документ за постигнатите спортски резултати објавени во билтени, веб страници или документи издадени од Национални спортски федерации.

Клубовите односно спортските здруженија кои кандидиераат повеќе спортисти во една категорија обавезно треба да ги рангираат од најдобриот па надолу.

Клубовите односно спортските здруженија кои имаат повеќе од еден предлог, истите треба да ги достават во еден затворен плик.

Јавниот конкурс трае 10 дена, од 02.12.2025 година до 12.12.2025 година.

Предлозите се доставуваат во затворен и запечатен плик секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот во просториите на СОУ Гимназија Кочо Рацин на пријавница (кај обезбедувањето) со назив за „Избор на спортист на годината 2025“ на Велес.

Дополнителни информации во врска со конкурсот на телефон: 077 520 353