Се реконструира тротоарот на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ наспроти локалната библиотека „Гоце Делчев“. Започнати се градежните активности за реконструкција на оштетениот тротоар.
Во изминатиот период беа реконструирани и дел од тротоарите на улиците „Костурска“ и „Тодор Јанев“ со што се овозможи безбедно и непречено движење на пешаците на овие делници.