Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека од вторник, 23 декември 2025 година, ќе се изведуваат градежни зафати за санирање на оштетување на дел од улицата „Киро Ќучук“. Поради тоа, на улицата нема да се одвива сообраќај на потегот од спој со улицата „Белградска“ до спој со улица „Петре Милевски“. За време на изведување на градежните работи кои ќе траат најдоцна до недела, 28 декември 2025 година, на улицата ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Градежните работи ќе се изведуваат во должина од околу 30 метри.


