“Веселите ѕвончиња” заедно со Дедо Мраз ги поделија првите насмевки и весели звуци а најмладите велешани излегоа и уживаа во секоја испеана нота. Програмата продолжува со БС Анабела, омилените маскоти Мики и Мини и DJ Flexify.
За целосно доживување во овој студен ден тука се и ракотворците со своите уникатни изработки, како и куќарките со вкусна храна и топли пијалоци. Ве очекуваме!
Велес – магијата почнува дома!