Во организација на Сојуз на спортови Велес вчеравечер традиционално беа наградени најдобрите од спортот! Признанија и плакети добија клубови, поединци, тренери, судии, манифестации, звучни имиња кои се запишале меѓу најдобрите во Велес, Македонија, но и Европа и светот.
А своето име како најдобар спортист на Велес за 2025 година го запиша Ангел Петрушев, кајакар од ККК Вардар Велес, кој со своите достигнувања е велешка гордост за која уште многу ќе се зборува!
Со желби да се радуваме заедно за бројни убави моменти им честитам на сите кои беа дел од овој настан!