Прекрасните звуци на детскиот хор “Св. Кирил и Методиј” го започнаа вториот ден на Велес Winterfest, љубопитни погледи и насмевки измамија елфовите на Дедо Мраз со своето шоу, а првиот дел од програмата го заокружи новогодишната работилница.
За музичкиот дел од денот се погрижија Nonsense, DJ Popeye и Нина Јанева кои ги собраа велешани во голем број да се забавуваат во Младински парк.
Продолжуваме денес во 12 часот со театарската претстава “Заспаната добрина”, а веднаш потоа го чекаме Дедо Мраз со своите помошници да подели новогодишни пакетчиња.
Велес – магијата почнува дома!