Детски џагор и безброј насмевки во преполниот Младински парк го пречекаа Дедо Мраз кој пристигна со својот ирвас и заедно со помошниците поделија околу 2000 пакетчиња.
Благодарност до Мото клубот “Носачи на крстот МК” и сите кои се погрижија за радоста кај децата.
Забавата продолжува попладне од 17 часот со магионичарско шоу на Диме Пупулиев, DJ Jordanov Aleksandar и дигитално шоу, а вечерта ќе ја заокружат Eye Cue. Ве очекуваме!

















