Врз основа на член 39 став (1) од Законот за социјална заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22, 65/23 и 192/25), член 85 став (1) од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/97, 25/00, 101/00, 50/01, 25/03, 37/04, 4/05, 50/06, 29/07, 102/08, 161/08, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16, 119/16, 21/18, 113/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/19, 103/21, 274/22 и 132/25) Програма за активностите на Општина Велес во областа на заштита на животната средина во 2026 год год.под арх.бр.25-5575/16 од 01.12.2025год и Програма за одржување на комунална чистота и реализација на проекти од комунална инфраструктура преку ангажирање на невработени лица бр.25-5575/19 од 01.12.2025год. донесени на седница на Совет на општина Велес и чл.50 став1 точка 16 од Законот за Локална самоуправа (Службен Весник на Р.М 05/02 и Службен Весник на Република Северна Македонија 202/24) Градоначалникот на Општина Велес на ден 30.12.2025год објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ КОИ СЕ ПРИМАТЕЛИ НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО ЖИВЕАЛИШТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
Општина Велес објавува Јавен Повик за ангажирање на лица за извршување на јавни работи кои се приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на Општина Велес, а врз основа на Програма за активностите на Општина Велес во областа на заштита на животната средина во 2026 год год.под арх.бр.25-5575/16 од 01.12.2025год и Програма за одржување на комунална чистота и реализација на проекти од комунална инфраструктура преку ангажирање на невработени лица бр.25-5575/19 од 01.12.2025год.
Согласно планот за јавни работи за 2026 година изготвен од страна на надлежните служби, Општина Велес има потреба од ангажирање на 10 лица за извршување на јавни работи во времетраење од 6 месеци, заклучно со јуни, а со можност за продолжување за дополнително 6 месеци во текот на 2026 година.
Ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи од типот на чистење на улици, локални патишта, патеки, скали, чистење на водотранспортни објекти, чистење на снег од јавни површини, отстранување на наноси и одрони, фарбање на комунална опрема, чистење на јавни објекти, поставување на опрема, собирање на отпад, чистење на депонии, подигање и одржување на зелени површини и други слични работи по потреба.
Општина Велес преку овие активности им помага на луѓето кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот, а овие активности се од интерес на целата локална заедница.
Право на учество на јавниот повик имаат лицата кои ги исполнуваат следните услови:
-корисници на гарантирана минимална помош
-невработени лица
-жители на територијата на Општина Велес
Временскиот период за извршување на јавните работи од страна на ангажираните лица ќе биде во времетраење од 6 месеци, сметано од денот на потпишување на договорот, а месечниот надоместок ќе изнесува 24.000,оо денари нето износ за секое ангажирано лице со можност за продолжување на ангажманот за дополнителни 6 месеци до крајот на 2026 година и со месечен износ кој дополнително ќе се утврди со Анекс на договор.
Потребните документи:
-Барање (од архива на општина Велес)
-Фотокопија од лична карта
-Потврда (дека лицето е корисник на социјална помош или невработено лице),
-фотокопија од трансакциона сметка
Погоре наведените документи кандидатите треба да ги достават во Архива на Општина Велес, секој работен ден од 30.12.2025 год. до 13.01.2026 год. во период од 07:30 часот до 15:30 часот.
Изборот на пријавените кандидати ќе го спроведува соодветна Комисија формирана со Решение од страна на Градоначалникот на Општина Велес.


