На 01 јануари, во 11:51 часот се роди првото бебе во Велес. На одделението за гинекологија и акушерство во Општа бочница Велес, на свет дојде Мила, принова во семејството Штериовски. Таа се роди со тежина од 2.700 грама и должина од 50 сантиметри. Мајката и бебето се во добра здравствена состојба.
Мајката и бебето ги посети градоначалникот Марко Колев. Со пригодни подароци за бебето, му посака добро здравје и безгрижно детство.








