Денеска се одбележуваат 83 години од загинувањето на македонскиот борец и учесник во НОБ Благој Кирков.

Роден е на 23 март 1923 година во Горно Оризари, Велешко. Уште како гимназијалец Кирков бил организатор на младинското движење во Велешката гимназија, а од септември 1942 година се вклучил во редовите на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“. Од 1938 година активно се вклучил и станал член на СКОЈ, а подоцна во 1941 година и дел од гимназијалното раководство. Кирков бил еден од организаторите на штрајкот во Гимназијата во март 1942 година. Бил убиен во судир со бугарската полиција.