Општина Велес ги известува граѓаните на Општина Велес кои имаат поднесено барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти (легализација) а постапките им се во прекин поради некомплетна документација, дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија” бр.23/11, 54/11, 155/12, 53/13, 72/…,199/14,…..,190/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.174/21) е со важност заклучно со ден 03. (трети) март 2026 година.
Општина Велес апелира до сите граѓани заради запазување на рокот на важноста на горенаведениот закон, навремено да се обратат во Одделение за урбанизам при Општина Велес и да ја достават потребната дополнителна документација која ја немаат доставено до Општина Велес, во спротивно доколку барањата за утврдување на правен статус на бесправен објект не бидат дополнети со потребната документација, истите ќе бидат одбиени согласно одредбите на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.


