Во посета на Општина Велес денеска беше 23 годишниот Стојан Илчевски кој на големиот христијански празник Богојавление – Водици имаше среќа прв да стигне до Светиот крст во водите на Вардар. Со градоначалникот Марко Колев разговараа за желбата да се биде дел од чинот на осветувањето на водите, за значењето на празникот и плановите во иднина.
„Посакувам симболот кој го претставува овој крст, Господ Исус Христос, сите да не исполни со благослов, здравје и бериќет“, истакна градоначалникот Колев.





