По повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, Општина Велес и годинава организира осмомартовски базар на ракотворби и цвеќе.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар и да наведат со што ќе учествуваат на базарот, задолжително да остават и телефон за контакт. Заедно со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, а физичките лица копија од лична карта. Базарот ќе се одржи од 5 до 8 март, а тезгите ќе бидат поставени на тротоарот на улица „Благој Ѓорев“, на потегот од постојката кај Панини надоле.
Рокот за поднесување на барање за учество на базарот е до 13 февруари.
Со цел избегнување на сообраќаен метеж, сите изложувачи ќе бидат задолжени за почитување на точно утврден термин за достава и собирање на производите.


