Со закројување на лозовите насади со што симболично се означува почетокот на земјоделските работи, се одбележа големиот христијански празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите и винарите. И годинава, Општина Велес, организираше настани за одбележување на празникот. Граѓаните имаа можност да уживаат со богата програма од песни и ора во Младински парк. За добро расположение и празнична атмосфера се погрижија фолклорниот ансамбл „Вила Зора“, детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“, ансамблот „Керамичар“, „Велешката Чалгија“, КУД „Коле Неделковски“, „Стакато бенд“, „Екстрим бенд“. Впечатокот го комплетираше настапот на Игор Димовски со неговата Пауза за ракија и „Љубојна“.
Забавата беше збогатена со квалитетни вина од локалните винарии и вкусните закуски од велешките угостители.




















