Францускиот амбасадор во Македонија Н.Е. Кристоф Ле Риголер во посета на Општина Велес. Тој оствари средба со градоначалникот Марко Колев на која се разговараше за тековните проекти и предизвици на општината. На средбата стана збор и за можностите за продлабочување на соработката и поголема афирмација на француската култура и јазик.

Соработката со меѓународната заедница е важна за развојот на општината. Општина Велес останува отворена за секаква соработка.