Годинава се одбележуваат 82 години од Февруарскиот поход од Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија.

Борбените операции на Македонската партизанска војска имаат големо историско значење за македонскиот народ. Походот е една од најзначајните воено-тактички операции за време на народноослободителната борба во текот на Втората светска војна.

Февруарскиот поход траел еден месец, во должина од 400 километри, во најнеповолни временски услови. Воените дејства се одвивале во февруари 1944 година, на територијата на источна, централна и западна Македонија. Тој ја покажал непоколебливата волја на македонскиот народ за слободна татковина.

Овој ден е длабоко врежан во колетивната меморија на секој Македонец кој со гордост се сеќава на херојските подвизи на борците и нивната силна верба за посветла иднина.