Денеска се одбележуваат 22 години од авионската несреќа во која животот го загуби претседателот Борис Трајковски, членовите не неговата делегација меѓу кои беше и нашата сограѓанка Анита Кришан Лозаноска и екипажот на авионот.
По тој повод, градоначалникот Марко Колев, советници од Советот на Општина Велес и делегација од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова положија свежо цвеќе на вечното почивалиште на Кришан Лозаноска, на гробиштата во црквата Св. Спас и оддадоа почит.
Авионската несреќа се случи на 26 февруари 2004 година во близина на местото Ротмиље, Мостар, Босна и Херцеговина.





