Ќе се реконструира дел од улицата „Алексо Демниевски Бауман“. Овој фрекфентен дел од улицата која води до железничката станица и неколку трговски објекти ќе се реконструира поради дотрајаност на горниот слој на асфалтот и оштетувања на коловозот. Финансиските средства за реконструкција, Општина Велес ги обезбеди во соработка со Владата и Министерството за транспорт.








