Денеска, 14 март 2026 година, се одбележуваат 84 години од штрајкот на велешките гимназијалци кои со својата младешка бунтовност и љубов кон мајчиниот јазик рекле НЕ за воведување на бугарскиот јазик во наставата. Велешани и денес се горди на овие млади сограѓани кои бестрашно се побуниле и одбиле да учат на бугарски јазик и да носат бугарска школска униформа.
Благој Кирков, Благој Јанушев, Орце Иванов, Анче Андреев се само дел од гимназијалците кои го организирале штрајкот во Гимназијата. Меѓу нив е и Никола Стојанов, кој сè уште, во сто и третата година од својот живот, сведочи за историскиот настан.
Нивниот херојски подгвиг нека биде поттик за сите сегашни и идни генерации да го чуваат мајчиниот јазик и својата национална самобитност.