По повод одбележувањето на Денот на потрошувачите 15ти март , во просториите на Општина Велес на ден 16.03.2026 година се одржа настан-отворен ден „Вашите права, нашата грижа“ посветен на подигнување на свеста за правата и заштитата на потрошувачите.

Настанот беше организиран  на иницијатива на Советот на потрошувачи,чија цел е активно да придонесува кон унапредување на заштитата на потрошувачките права и информираноста на граѓаните.

На средбата присуствуваа  членовите на Советот на потрошувачи, членови на Советот на Општина Велес, претставници од локалната самоуправа, професори и ученици од  сите средни училишта во градот.

Во рамки на настанот беа презентирани информации за основните права на потрошувачите, механизмите за нивна заштита, како и значењето на информираноста при користење на производи и услуги.

Присутните имаа можност да разменат мислења и искуства, при што беше нагласена важноста од соработка меѓу институциите и Советот на потрошувачи во насока на подобрување на заштитата на потрошувачите.

Општината и Советот на потрошувачи ќе продолжат со активности насочени кон едукација, информирање и зајакнување на свеста кај граѓаните за нивните потрошувачки права и обврски.