Со подобрување на временските услови започна реконструкцијата на покривот на спортската сала што ја делат двете средни училишта ССОУ „Димитрија Чуповски“ и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Со оваа реконструкција во голема мера ќе се обезбедат функционаслни услови за спортски активности и пријатна атмосфера за учениците и наставниците, а ќе овозможи и заштита на училишната зграда. Средствата за реконструкција, Општина Велес ги обезбеди во соработка со Владата и Министерството за образование и наука.