Започна реконструкцијата на вториот дел од улица „Белградска“.  Во тек се подготвителни земјени зафати по што ќе следи поставување на завршен асфалтен слој.

Во изминатиот период на оваа делница беше сменета дотрајаната водоводна мрежа со нова а беше изграден и еден потпорен ѕид. Поставен е и фундамент за вториот ѕид за чија изведба ќе се користат префабрикувани бетонски елементи.