Градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша договорот за грант со Министерството за социјална политика, демографија и млади со кој ќе се реновира дел од старата училишна зграда на ООУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и ќе се пренамени во нов клон на детската градинка ОЈУДГ „Димче Мирчев“. Средствата обезбедени од овој грант се наменети за реновирање и опремување на поранешната училишна зграда со што ќе се обезбеди соодветен простор за згрижување и воспитување на деца од преучилишна возраст.

Со овој проект значително ќе се придонесе за растеретување на постоечките објекти на градинката како и обезбедување на дополнителни слободни места со цел задоволување на потребите на граѓаните на Општина Велес.