Атлетската трка „Трчаме за Рацин“ по петти пат ќе се одржи во рамки на одбележување на Рацинови средби. Во организација на Општина Велес и во соработка со Атлетската федерација на Македонија, трката ќе се одржи на 31 мај, годинава.
Градоначалникот Марко Колев заедно со претседателката на Атлетската федерација Александра Војнеска Зикова денеска излегоа на терен со цел утврдување и лиценцирање на патеката за трчање.
Повеќе детали за атлетската трка во чест на великанот дополнително ќе бидат објавени на веб страницата на Општина Велес и на социјалните мрежи.


