Амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е. Џијанг Сјаојан, оствари работна посета на Општина Велес. На средбата со градоначалникот Марко Колев се разгледаа можностите за продолжување и продлабочување на соработката на Општина Велес и Амбасадата на Народна Република Кина на полето на културата, спортот, туризмот.
Во рамки на посетата, амбасадорката го посети и детското игралиште кај автобуската станица кое беше изградено со донација на кинеската амбасада во земјава.
„Ги охрабруваме пред се младите, децата да излезат од дома, да се забавуваат, рекреираат, спортуваат. Разговаравме со градоначалникот за соработка во економијата, туризмот, трговијата“ – истакна амбасадорката Џијанг Сјаојан.
Градоначалникот Колев се заблагодари за донацијата од името на граѓаните и порача да се чува детското игралиште затоа што е наменето за рекреација на децата.














