Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Општина Велес, по повод одбележувањето на „Светскиот ден на здравјето“ 7-ми Април, организира Јавна трибина за превентивни прегледи и рана детекција на болести под мотото „Рано откривање спасува животи“.
Јавната трибина е посветена на подигање на свеста за значењето на превентивните прегледи и раната детекција на болести.
Настанот има за цел да ги информира граѓаните за важноста од редовни здравствени прегледи, навремено препознавање на симптомите и пристап до соодветна медицинска грижа.
Преку стручни излагања и отворена дискусија, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најновите препораки за скрининг, факторите на ризик, како и со начините за заштита и унапредување на сопственото здравје.
Посебен акцент ќе биде ставен на правата на пациентите, нивната информираност и активната улога во процесот на грижа за здравјето.
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, здравствени работници и претставници од институциите да земат учество и заеднички да придонесеме кон поголема свесност и подобра превенција.
Раното откривање навистина спасува животи – направете чекор кон Вашето здравје навреме.
Комисија
за унапредување на правата на пациентите


