Во Објект 6 на детската градинка „Димче Мирчев“ денеска беше отворена сензорна соба. Сензорната соба е опремена со разновидни сензорни, светлечки и тактилни реквиозити и помагала кои во голема мера ќе им помогнат на децата да ја развијат моториката и физичките способности.
Градинката „Димче Мирчев“ е и првата градинка во Македонија која располага со Voice Toys, кои претставуваат оригинална и иновативна платформа за сензомоторичката стимулација и развој на гласот, говорот и слухот.
Новата сензорна соба ќе биде од големо значење за специјални третмани на децата на кои им е потребна дополнителна поддршка.














