Се уредуваат пешачките патеки во дворот на средните општински училишта „Гимназија Кочо Рацин“ и „Димитрија Чуповски“. Во тек се градежни зафати во заедничкиот двор на овие две училишта. Претходно е направена и нова пристапна патека од паркингот до Младински парк со што се зголемува безбедноста на граѓаните и учениците кои ги користат спортските терени зад училиштата.










