Општина Велес ја информира јавноста дека се отвори Канцеларија на Комисијата за унапредување на правата на пациентите, со цел обезбедување поголема заштита, информираност и поддршка за сите граѓани во остварувањето на нивните здравствени права.
Канцеларијата ќе функционира како советодавно и информативно тело, каде пациентите ќе можат да добијат насоки, правна и административна помош, како и поддршка при евентуални повреди на нивните права во здравствениот систем.
Со отворањето на оваа канцеларија, Општина Велес ја потврдува својата посветеност кон унапредување на квалитетот на живот и здравствената заштита на своите жители, како и кон градење транспарентен и одговорен систем кој ги става граѓаните во центарот на своето делување.
Ги повикуваме сите граѓани да ја користат оваа услуга и активно да придонесат кон подобрување на здравствениот систем преку пријавување на проблеми и споделување на своите искуства.
Канцеларијата се наоѓа во просториите на Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес и ќе биде достапна за граѓаните секоја среда од 10:00ч до 14:00ч.
Лице за контакт: Билјана Ангелова Смилева.
Телефонски број: 043 232 406 лок.228


